За нас
Едриличарската Федерација на Северна Македонија (ЕФСМ) е национално спортско здружение, единствено одговорно за унапредување, развој и организација на едрењето како спорт и рекреативна активност во нашата земја.
Основана со цел да создаде силна и одржлива основа за развој на едрењето, ЕФСМ обединува клубови, натпреварувачи, спортски работници и љубители на водените спортови, обезбедувајќи услови за развој на младите, организација на национални и меѓународни натпревари и промоција на едрењето како безбеден, еколошки и авантуристички спорт.
Нашата визија
Визија на ЕФСМ е едрењето да биде Национален спорт достапен за секого, водечка рекреативна активност и спорт носител на значајни спортски успеси на Олимписки Игри, Светски, Европски и Регионални Првенства.
Нашата мисија
Одржување континуиран прогрес на Македонските едриличари на светските ранг-листи, нивна конкурентност на меѓународно ниво, зголемување на бројот на едриличари кои ќе се вклучат во работата на клубовите и федерацијата како и промовирање високи стандарди за соодветно однесување на спортистите, спортските работници и сите други лица кои едрењето го практикуваат како хоби.
Наши основни цели и задачи:
- Организација на национален систем на натпревари;
- Обезбедување поддршка за лиценцирање на судии и тренери;
- Развој на младинскиот и аматерскиот спорт;
- Организација и учество на меѓународни натпревари;
- Го претставуваме едрењето во национални и меѓународни организации како што се Светската и Европската Едриличарска Федерација, Олимпискиот Комитет на Северна Македонија и други;
- Воспоставуваме стандарди за безбедност, квалитет и едукација.
Членство и заедница
Федерацијата е отворена за едриличарски клубови, индивидуалци и организации од областа на наутиката, кои ги споделуваат нашите вредности и цели. Нашата заедница се темели на соработка, почитување, еднаквост и страст кон едрењето.